Македонија меѓу шампионите, 16. земја на вечната листа

Благодарение на бодовите кои ги донесоа Вардар и Пелистер, Македонија се вброи меѓу земјите кои се рангирани со свои тимови на вечната листа на освојувачи на трофеи во европските купови.

Македонија има 28,75 поени и со нив е на делба на 16 место со БиХ, но разликата е во тоа што Македонија ги има бодовите од само две екипи, а БиХ од пет од кои дел се од времето на поранешна Југославија.

На вечната листа прва земја е Германија која со 28 екипи во периодот од 1956 до 2019 година има 602,36 поени. Следува Шпанија со 17 екипи, но од 1976 година досега со 433,11 бода бидејќи тогаш првпат некој тим од оваа земја стигнал до полуфинале.

Во првите 20 Македонија е со „најкраткиот стаж“ на полуфиналисти бидејќи резултатите се од 1996 до 2019 година. Кај другите земји оваа е поевќе од 4-5 децении.

ТОП 10 ЗЕМЈИ

1.Германија – 602,36 поени

2.Шпанија – 433,11

3.Романија – 106,24

4.Хрватска – 89,37

5.Франција – 89,36

6.Унгарија – 88,12

7.Русија – 84,99

8.Данска – 65,62

9.Србија – 58,74

10.Чешка – 56,87