Македонија имаше одличен финиш, но загуби минимално од Кувајт

Почетокот на средбата мина со израмнет резултат. И двете селекции имаа свои моменти, а Македонија тргна со предност. Постојано беше во два гола позитива. Ја чуваше оваа резлика речиси до крајот на првиот дел кога противникот успеа да дојде до предност и на одмор да замине со водство од еден гол.

Македонија не успеа да израмни, па на полувреме беше 13:14.

Во вториот дел од средбата Кувајт одигра многу подобро и успеа да се избори и за предност од шест гола разлика. Водеше со 22:16 и овде практично веќе беше тешко да се дојде до пресврт. Ова се случи на седум минути до крајот на натпреварот. Македонија почна да намалува и до крајот на натпреварот стигна до гол негатива, но немаше време за повеќе, па натпреварот заврши со 22:23.

Со ова Македонија оди на Трофеј „Карпати“ со победа и пораз, а следен ривал е Алжир против кој ќе биде одигран натпревар в сабота во полуфиналето на овој турнир.

Денеска најефикасен беше Марио Танкоски со четири гола. По три имаа Костески, Поповски и велковски. Двапати реализираа Мишевски и Маџовски, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Кукуловски, Петров и Никола Маркоски. Голманот Никола Митревски имаше 13 интервенции.