Македонија даде 3, а прими 27 гола за 30 минути со Унгарија!

Младинската репрезентација на Македонија денес беше убедливо поразена од Унгарија со 44:18 во рамки од подготовките за претстојното Европското првенство во Романија.

Резултатот иако е лош, во иднина може да се поправи, но играта во првиот дел во кој Македонија постигна само три гола, не ни дава право да се надеваме на подобра состојба во женскиот ракомет.

Унгарија фуриозно го стартуваше дуелот, поведе со 10:0, потоа како на тренинг погодуваше во голот на ,,црвено-жолтите”, водеше со 24 гола разлика, 26:2 и на пауза замина со предност од 27:3.

Домаќинките во вториот дел на моменти се опуштаа и дозволија Македонија да постигне дупло повеќе погодоци од првиот дел.

Избраничките на Јулијана Дамчевска на турнирот во Унгарија ќе играат и против репрезентациите на Холандија и САД.

Сара Стефаноска ја предводеше листата на стрелци кај Македонија. Ракометарката на Вардар запиша шест погодоци, втор стрелец беше Ива Младеновска, која имаше четири реализации.

Репрезентацијата на Македонија на ЕП во групната фаза за ривали ги има Данска, Чешка и Црна Гора. Само првопласираната и второпласираната репрезентација ќе продолжат во следната фаза.

Европското првенство во Романија ќе се одржи од 6 до 16 јули. И во оваа конкуренција ќе има два ЕХФ шампионати од 8 до 16 јули во Литванија и Косово.

Гледајте ВО ЖИВО: Македонија – Унгарија (ЛИНК)