Македонија го дозна ривалот во полуфиналето на ЕХФ шампионатот

Машката репрезентација на Македонија на ЕХФ шампионатот во Рига ќе игра во полуфиналето, откако групната фаза ја заврши без пораз и со три победи, кои беа остварени против домаќинот, Летонија, Косово и Турција.

Избраниците на Раде Стојановиќ со денешната победа против Летонија од 33:22 (21:12) го освоија првото место во групата А и за противник во полуфиналето ја добија репрезентацијата на Луксембург, која заврши на 2. позиција во групата Б, откако денес беше поразена од Швајцарија.

Во второто полуфинале ќе играат репрезентациите на Летонија и Швајцарија, додека Турција, Косово и Белгија ќе разигруваат за пласман од 5 до 7 место.

Полуфиналниот дуел меѓу Македонија и Луксембург ќе се одигра в сабота со почеток од 15:00 часот. Победникот ќе обезбеди пласман во финалето и ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Летонија и Швајцарија.

Македонија супериорна и против Летонија, со три од три оди во полуфинале!