Македонија во групата на смртта – еве против кој ќе игра на ЕП!

Машката репрезентација на Македонија ги доби ривалите во групната фаза на Европското првенство 2024 во Германија.

Избраниците на Кире Лазаров се најдоа во групата А и ќе играат против домаќинот Германија, Франција и против Швајцарија.

Нашите ракометари ќе играат во градот Берлин, а натпреварите од континеналниот собир ќе се играат од 10 до 28 јануари.

Првите две селекции по групната фаза ќе обезбедат место во главната рунда, каде ќе играат по шест селекции во две групи.

Македонија на ЕП 2024 се пласираше како второпласирана во квалификациите во група со Португалија, Турција и Луксембург.

група А (Диселдорф/Берлин): Франција, Германија, Македонија, Швајцарија
група Б (Манхајм): Хрватска, Шпанија, Австрија, Романија
група Ц (Минхен): Исланд, Унгарија, Србија, Црна Гора
група Д (Берлин): Норвешка, Словенија, Полска, Фарски Острови
група Е (Манхајм): Шведска, Холандија, Босна и Херцеговина, Грузија
група Ф (Минхен): Данска, Португалија, Чешка, Грција