Македа: Веспрем сака победа во Скопје пред полна сала!

Ракометарите на Вардар ги очекува првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против составот на Веспрем.

За унгарскиот гигант втора сезона игра Хорхе Македа, некогашниот вардарец, кој посакува победа во Скопје.

„Сакаме победа во Скопје. Ќе биде тешко, Вардар е силен тим, а многу веројатно ќе има и полна сала со навивачи, но тоа не треба да не деконцентрира нас. Ние треба да играме како што играме во Веспрем“, вели Македа.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.