Маестро Никола Митревски ја блокираше Данска, една одбрана заврши во Топ 5 (ВИДЕО)

Првиот избор за голот на репрезентацијата на Македонија, Никола Митревски имаше феноменална партија на средбата против Данска и собра 13 интервенции од кои неколку беа многу атрактивни.

Една од овие одбрани го доби заслуженото односно се најде во Топ 5 интервенции во колото во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Секако место можеше да има за уште една до две од интервенциите, но и ова е одлична и атрактивна од моментот кога успеа буквално со блокада или „банана“ да го одбрани голот при шутот кој го упати Матијас Гидсел.

Митревски во Топ 5 се најде во друштво на голманите Харис Бериша (Косово), Небојша Симиќ (Црна Гора), Адам Моравски (Полска) и Алексеј Кишов (Белорусија).

Најдобрите пет интервенции можете да ги погледнете во продолжение.