Мадсен: Вардар секогаш се бори до крај, ќе биде тежок ривал за сите

Алборг го совлада Вардар во 5. коло од Лигата на шампионите и го презема првото место на табелата со осум бода и само еден пораз од Вардар во Скопје од првиот дуел.

Тренерот на Алборг, Стефан Мадсен беше задоволен од изданието на неговите ракометари и ги предупреди следните ривали на Вардар дека сигурно ќе имаат тешка задача против тимот на Вујовиќ.

„Знаевме дека секогаш е тешко против екипи како Вардар. Мислам дека одигравме доста добро. Вториот дел го почнавме ефикасно но, бевме претпазливи. Вардар е тим кој секогаш се бори до крајот. Кога играш против силен тим со вакви играчи, секогаш е тешко. Многу сме среќни затоа што победивме. Сега сме подобри во директниот дуел со Вардар. Знам дека овој Вардар ќе биде тежок ривал за било кој друг ривал“, изјави Мадсен.

Јеспер Нилсен имаше кратко видување на натпреварот.

„Одигравме добар натпревар и победивме. Среќни сме што ги освоивме двата бода. На Вардар му посакувам среќа во иднина и се надевам дека ќе се сретнеме повторно во иднина“, изјави Нилсен.

Следниот предизвик на Алборг е унгарски ПИК Сегед на кој ќе му гостуваат за една недела.