„Лошото момче“ од Норвешка ја заврши кариерата

Поранешниот лев бек на норвешката репрезентација, Еспен Ли Хансен реши да ја заврши својата кариера и во понатамошниот тек од неговиот живот целосно да се посвети на неговото семејство.

Норвежанецот последните две сезони ги мина во домашниот шампионат играјќи за екипата на Драмен. Во изминатата сезона немаше голема минутажа во норвешката екипа.

Еспен Ли Хансен во Нант беше соиграч на репрезентативецот и селектор на Македонија, Кире Лазаров.

Во Нант играше во сезона 2018/2019 и беше соиграч на Кире Лазаров, а пред самиот ангажман во Франција беше дел од неколку познати клубови како Митјиланд, Брегенц, Магдебург, Данкерк и Бјерингбро Силкеборг.

За репрезентацијата на Норвешка настапуваше од 2009 година. Најголемиот успех во репрезентативниот дрес го постигна на Светското првенство во 2017 и 2019 година кога со неговите колеги го освоија сребрениот медал.

Сепак повеке го привлекуваше вниманието со лошиот однос надвор од теренот, отколку со игрите.