Лига на шампиони: Победата на Веспрем најави супер дуел в среда во Кил

Со победата на гостувањето кај Порто, Дејан Манасков и колегите од Веспрем успеаја да останат во чекор со Кил во трката за првото место и в среда во Германија ќе се решава кој ќе оди во четврт-финалето.

Триумфот во Португалија значеше дека составот на Веспрем останува во трка за врвот и најавува интересен меч в среда. Дефинитивно Веспрем покажува голем напредок во формата така што дефинитивно сезонава е еден од фаворитите за титулата.

И додека во Групата Б се најавува супер двобој во Групата А се чини дека Барселона добива олеснување откако Алборг освои бод кај Пик Сегед така што денеска Каталонците мораат да одработат по план ако сакаат да останат на врвот. Имаат најдобра позиција и тука не би требало да биде проблем да се оди директно во четврт-финалето.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО

ГРУПА А

ПИК СЕГЕД – АЛБОРГ   26:26

Бомбач 5, Радивојевиќ 4, Македа 3 – Јул-Ласен 6, Смарасон 6, Јакобсен 4

ППД ЗАГРЕБ – ФЛЕНЗБУРГ         25:26

Шипиќ 8, Мандиќ 6, Божовиќ 4 – Штајнаузер 7, Јондал 5, Јоханесен 5

НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – ПСЖ

19:00ч

ЕЛВЕРУМ – БАРСЕЛОНА

ТАБЕЛА: 1. Барселона 18 бода (356:278); 2. Пик Сегед 18 (323:277); 3. ПСЖ 16 (314:277); 4. Алборг 11 (328:337); 5. Флензбург 9 (291:299); 6. Целје 6 (251:302); 7. Елверум 3 (258:294); 8. ППД Загреб 3 (263:320).

ГРУПА Б

КИЛ – ВАРДАР 34:23

Екберг 8, Ландин 5, Рамел 4 – Кристопанс 6, Стоилов 5, Дибиров 3

ПОРТО – ВЕСПРЕМ         24:31

Бранкињо 6, Магаљаеш 5, Боргес 3 – Борозан 7, Гајиќ 6, Лекаи 3

МОНПЕЛЈЕ – КЕЛЦЕ      25:24

Дескат 9, Вилемино 7, Суси 3 – Кулеш 5, Морито 5, А. Душебаев 4

НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ

17:00ч

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ

ТАБЕЛА: 1. Кил 18 бода (348:305); 2. Веспрем 16 (364:312); 3. Монпелје 13 (302:298); 4. Келце 12 (326:308); 5. Порто 10 (310:326); 6. Вардар 9 (309:355); 7. Мотор Запорожје 4 (297:323); 8. Мешков Брест 4 (274:303).