Нема шега со „зебрите“, Вардар и во Кил загуби со иста разлика како во Скопје

Ракометарите на Вардар претрпеа нов пораз против Кил овој пат како гости од 11. коло од Лигата на шампионите со 34:23. Во ниту еден момент не успеаја да се изборат за резултат кој ќе им дадеше полесен тек и едноставно вардарци немаа шанси против „зебрите“.

Првите минути од средбата минаа во израмнета игра. И двете екипи успеаја да реализираат по трипати, а тука следуваше серија од 4:0 на домашните што донесе можност за мирно продолжение на натпреварот.

Ракометарите на Вардар се обидоа да се вратат во ритам, но наидоа на цврст противник кој успеа да го однесе мечот во плус шест и да дојде до 15:9. Вообичаено за дуелите против Вардар, Ландин имаше добра форма и тоа носеше и позитива.

Сепак, до заминувањето на одмор водството на Кил беше намалено, па на пауза беше 18:14.

Вториот дел донес еподобра игра од Вардар. Кил чекаше дури четири и пол минути за првиот погодок во второто полувреме кој дојде преку Дувњак. Меѓутоа, Вардар намали само на два гола разлика, па Кил успеа брзо да се стабилизира.

На ова следуваше одново Ландин кој почна да брани пак во свој стил. Обрани неколку зицер удар, а на тоа се придодадоа и неговите колеги кои играа во одбраната.

Вардарци влегоа во криза која траеше до 40. до 50. минута и тука Кил успеа да стигне дури до плус седум односно со 27:20. Тука се чинеше мечот дека е веќе загубен бидејќи Вардар тешко успеваше да се снајде со одбраната на противникот. За момент дојде надеж при намалувањето на 27:22, но потоа следуваа четири гола за Кил и 31:22 на четири минути до крајот од натпреварот.

На крајот беше 11 гола разлика и 34:23 што беше еднаква разлика како и на првиот натпревар одигран во Скопје.

КИЛ – ВАРДАР 34:23 (18:14)

Сала: Шпаркасе арена во Кил. Судии: Зигмар Сондорс и Ренар Лицис од Летонија. Делегат: Петер Олсон од Шведска.

КИЛ: Ландин (14 одб.), Квенштет, Дувњак 1/4, Рајнкинд 4/5, М. Ландин 6/6, Вајнхолд 2/4, Винцек 1/3, Екберг 8/10, Рамел 4/4, Дамке 1/1, Зарабец 4/4, хорак, Билик 0/2, Пекелер 3/5.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР: Гедбан (6 одб.), Гогов, Стоилов 5/7, Кукуловски, Димитриоски 1/2, Кристопанс 6/9, Карапалевски, Сикошек Пелко, Атман 0/1, Скубе 2/4, Калараш 2/2, Чупиќ 3/5, Де Толедо, Дибиров 4/10, Горбок 0/2, Горпишин.

Седмерци: -, Исклучувања: 6 мин.