Лига на шампиони: Барса и Кил останаа први, но Мешков Брест се доближи до Вардар

Комплетирањето на натпреварите од 11. коло од Лигата на шампионите во машка конкуренција донесе мали поместувања на табелите и тоа во долниот дел.

Барселона и Кил останаа лидери во двете групи, но сега ситуацијата е нешто поинаква барем во Групата А бидејќи предноста е два бода во однос на второпласираниот состав. Практично и во двете групи сега разликата е по два поени и нема голема разлика во тој дел.

Затоа, пак, станува интересно во долниот дел од Групата Б каде што Мешков Брест се доближи до Вардар на три бода и сега „црвено-црните“ се на потег односно до крајот на групната фаза мораат да обезбедат барем две победи ако сакаат да одат понатаму. Имаат дуели дома со Мотор Запорожје и Монпелје, а измени нив гостување кај Порто.

Оттаму тука ќе биде доста интересно така што уште нема сигурност и за Порто, но и Келце не може да биде мирно бидејќи разликата е шест бода во однос на Мешков Брест.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 11. КОЛО

ГРУПА А

ПИК СЕГЕД – АЛБОРГ   26:26

Бомбач 5, Радивојевиќ 4, Македа 3 – Јул-Ласен 6, Смарасон 6, Јакобсен 4

ППД ЗАГРЕБ – ФЛЕНЗБУРГ         25:26

Шипиќ 8, Мандиќ 6, Божовиќ 4 – Штајнаузер 7, Јондал 5, Јоханесен 5

ЦЕЛЈЕ – ПСЖ     29:33

Кодрин 5, Грошељ 4, Макуц 4 – Шипжак 8, Хансен 4, Конкоуд 4

ЕЛВЕРУМ – БАРСЕЛОНА             26:30

Фредриксен 5, Солстад 4, Сандел 2 – Арињо 6, Гомез Абељо 6, Фабрегас 4

ТАБЕЛА: 1. Барселона 20 бода (386:304); 2. Пик Сегед 18 (323:277); 3. ПСЖ 18 (347:306); 4. Алборг 11 (328:337); 5. Флензбург 9 (291:299); 6. Целје 6 (280:335); 7. Елверум 3 (284:324); 8. ППД Загреб 3 (263:320).

ГРУПА Б

КИЛ – ВАРДАР 34:23

Екберг 8, Ландин 5, Рамел 4 – Кристопанс 6, Стоилов 5, Дибиров 3

ПОРТО – ВЕСПРЕМ         24:31

Бранкињо 6, Магаљаеш 5, Боргес 3 – Борозан 7, Гајиќ 6, Лекаи 3

МОНПЕЛЈЕ – КЕЛЦЕ      25:24

Дескат 9, Вилемино 7, Суси 3 – Кулеш 5, Морито 5, А. Душебаев 4

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ               33:36

Маласинскас 6, Пухоуски 6, Денисов 5 – Шкурински 10, Паниќ 5, Јуринок 4

ТАБЕЛА: 1. Кил 18 бода (348:305); 2. Веспрем 16 (364:312); 3. Монпелје 13 (302:298); 4. Келце 12 (326:308); 5. Порто 10 (310:326); 6. Вардар 9 (309:355); 7. Мешков Брест 6 (310:336); 8. Мотор Запорожје 4 (330:359).