Лигата на шампионите ќе се игра – екипите ќе патуваат со чартер летови!

Новата сезона во Лигата на шампионите треба да започне на 16 септември, а со оглед на пандемијата што се уште владее, ЕХФ и клубовите одлучија на гостувањата да се патува со чартер летови за да се избегнат гужвите и чекањата на аеродромите.

Ракометарите на Вардар се наоѓаат во група со ПСЖ, Фленсбург, ПИК Сегед, Келце, Порто, Мешков Брест и Елверум, а доколку се патува со редовни линии, „црвено-црните“ ракометари ќе треба да поминат во воздух повеќе од 65 часа и преку 24.000 километри.

Покрај многубројните мерки кои треба да се почитуваат, корона тестовите пред секој натпревар, ќе требаше многу напор и за организација на гостувањата и сложените патувања, а освен она во Сегед, Вардар ќе имаше многу такви со менување авиони и аеродроми, па дополнителни патувања со автобус.

Се уште се затворени дел од границите, во секоја земја важат различни ограничувања, па освен клубовите и ЕХФ ќе биде на тежок испит и ќе мора да биде вклучена во организацијата.

Вардарци сезонава ќе бидат најмалку 65 часа во воздух

Европската куќа на ракометот ќе покрива дел од трошоците за чартер летови за секоја екипа што патува, а такви ќе има по осум неделно во машката Лига на шампиони.  Покрај тоа што би се избегнале чекања по аеродроми, би се избегнал и контакт со останатите патници, па ќе има помал ризик од евентуална зараза.

Исклучок од ова би биле патувањата на Загреб, Целје и Веспрем, кои би патувале со автобус кога ќе имаат меѓусебни дуели, а евентуално ист случај кога Вардар и ПИК Сегед ќе играат меѓусебе, како и за меѓусебните дуели на Келце и Мешков Брест.

Заокружете ги во календарот: Познати датумите и саатниците за натпреварите на Вардар во ЛШ