Ливриниќ го однесе Рапид на завршниот турнир во Купот на Романија

Тимот на Рапид Букурешт, каде што настаува македонската репрезентативка Елена Ливриниќ, се пласира на завршниот турнир во Купот на Романија.

Рапид славеше во четвртфиналниот натпревар на гостувањето кај Клуж со убедливи 32-40, откако и на полувреме водеше со 10-18.

Во вториот дел кој заврши нерешено, паднаа неверојатни 44 погодоци. Ливриниќ беше меѓу најдобрите стрелци и даде шест голови од седум обиди.

Баја Маре, каде што игра Марија Штериова загуби на гости кај Глорија Бузау со 23-20 и беше елиминиран во четвртфиналето, а македонската интернационалка даде три гола.

Покрај Бузау и Рапид Букурешт, на Ф4 се очекува пласман и на фаворизираните ЧСМ Букурешт и Валчеа.

Во машкиот шампионат на Романија, ЧСМ Букурешт славеше дома на Решица со 26-22, а Гоце Георгиевски за победничкиот состав беше стрелец на два гола.