Ливриниќ го наполни голот на Крајова и го однесе Рапид Букурешт во четврт-финале

Екипата на Рапид Букурешт за која настапува Елена Ливриниќ имаше одлична партија во осминафиналето од Купот на Романија. Македонската репрезентативка доминираше во победата над ЧСМ Крајова од 25:20 која беше сосема доволна за да се обезбеди пласман во четврт-финалето.

Ова беше уште еден натпревар на кој Ливриниќ доминираше на теренот. Имаше убедливо најмногу погодоци. Таа беше најефикасна со девет гола од 14 шутеви, па имаше голема улога во оваа победа.

Со оглед на тоа што Рапид Букурешт во првенството не може да фати убав ритам во Купот игра одлично, па ова е убав резултат за тимот од Главниот град на Романија.