Летово го презеде тимот, а веќе има понуда за нов петгодишен договор

Иако е само 3-4 месеци на кормилото на тимот на Тор Акурејри, со својот свој стил на работа и водење на екипата, Стевче Алушовски се наметна кај раководството и играчите и веќе ужива голема поддршка.

Искоренети се некои од навиките кои ракометарите ги имале претходно така што има големо задоволство од неговата досегашна работа што веќе има понуда за нов договор.

„На стартот мораше да смениме некои стари навики во екипата и да ги искорениме. Мораше ракометарите да се навикнат да доаѓаат редовно на тренинзите. Тоа веќе го средивме. Сега следуваат барања да се донесат засилувања. Веќе донесовме искусен играч од КА. Станува збор за искусен бек. Дојде и Томи Јагуриновски од Вардар. Презадоволни се од мојата работа. Има и нови моменти. Имам понуда за да останам уште пет години во тимот, но не сакам да брзам. Полека ќе видиме што ќе се случи. Се гледа долгорочно, имаат цел и знаат што сакаат. Не сакаат да се залетаат, да ветат нешто кое не би можеле финансиски да го испратат“, вели Алушовски во интервјуто за 24 Ракомет.

Комплетното интервју можете да го прочитате на линкот во продолжение.

ИНТЕРВЈУ СТЕВЧЕ АЛУШОВСКИ: На Исланд ми фали македонското сонце, но луѓето се топли како во екс-Југославија