„Летечкиот Манасков“ седум години подоцна… (ФОТО)

Катар 2015, Светско првенство, Македонија против Иран. Дејан Манасков во скок по обид за гол, момент кој на македонскиот фотограф Денис Дуковски му ја донесе престижната награда за најдобра ракометна фотографија во светот за 2015 година во изборот на ИХФ…

Седум години подоцна. Јубилеен ракометен турнир во Струга,повторно Дејан Манасков овојпат во дресот на Вардар, противникот Бутел Скопје, одбиена топка, македонскиот репрезентативец повторно овековечен од објективот на Денис Дуковски во суперхеројска поза, за потсетување на моментот, но и потврда на атлетизмот, издржливоста и квалитетот на искусното лево крило на Македонија…