Лембанов ќе го води Пролет до полусезона, потрагата по тренер продолжува

Тимот на Пролет по лошата серија во Суперлигата, се раздели со тренерот Андон Бошковски, кој дојде на стартот на оваа сезона.

Неговиот досегашен асистент, Алексо Лембанов, ќе го води тимот до крајот на полусезоната, но потрагата по заменик на Бошковски ќе продолжи и веројатно Пролет ќе има нов стратег на стартот на пролетниот дел кога ќе се бијат најважните битки.

Лембанов е во Пролет подолго време, откако му беше асистент и на Никола Матлиески, а претходно беше дел од Металург 2.

Пролет имаше серија од три порази – дома од Бутел и на гости кај Еурофарм Пелистер, а чашата ја прели поразот од Металург во саботата. Претходно Пролет имаше само два порази на девет меча од стартот на суперлигашката сезона.