Лекиќ и Цвијиќ остануваат верни на Ференцварош

Двете екс членки на Вардар, левиот бек Андреа Лекиќ и кружниот напаѓач Драгана Цвијиќ, ја продолжија соработката со европскиот вицепрвак Ференцварош.

Раководството на клубот од Будимпешта беше задоволно од прикажаната игра на српскиот тандем и успеа да го задржи за уште најмалку една сезона.

Лекиќ и Цвијиќ беа едни од најзаслуѓните за обезбедениот пласман на Ференцварош во финалето од Лигата на шампионите.

Ференцварош ги продолжи договорите и со голманката Кинга Јанурик, левиот бек Сандра Зачик, левото крило Јулија Харшфалви и кружниот напаѓач Анет Кишвалди.

Клубот на Лекиќ и Цвијиќ во изминатата сезона за прв пат откако е воведен Ф4 турнирот во Лигата на шампионите успеа да обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи во елитата.