Лекиќ и Цвијиќ го срушија Ѓер – Ференцварош со Куп трофеј во Унгарија

353

Екипата на Ференцварош е старо-новиот освојувач на Купот во Унгарија во женска конкуренција. Клубот од унгарската престолнина во финалето го совлада вечниот ривал Ѓер со 28:27 (13:14).

Тимот предводен од Амброш Мартин, во првото полувреме водеше со три гола позитива, додека на пауза замина со минимална предност од 14:13.

На десет минути пред крајот Ѓер имаше два гола предност, но во финишот се разбрани голманката Кинга Јанурик, чии одбрани беа пресудни Ференцварош да стигне до одбрана на Куп трофејот.

Одлична партија во дресот на Ференцварош имаше Катрин Клујбер со осум погодоци. Двете екс ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, со по два погодоци имаа придонес во победата.

Кај Ѓер први стрелци со по шест погодоци беа Ченге Фодор и репрезентативката на Франција, Естел Нзе Минко.

Бронзениот медал го освои екипата на Дебрецен по победата над МТК Будимпешта од 32:26 (13:8).