Легендарниот Кнудсен кажа крај

Познатиот пикер од Данска, Михаел Кнудсен го најави заминувањето во пензија на крајот од оваа сезона. Тој одлучи да стави крај на кариерата на 41 годишна возраст.

Освојувач е на една титула во Лигата на шампионите со Фленсбург, каде што настапуваше девет години. Во 2014 година од бундеслигашот Кнудсен се врати во Данска во екипата на Силкеборг каде што се уште настапува.

Според најавите Силкеборг веќе има најдено замена за Кнудсен во играчот на Сен Рафаел, Александар Лингард.

Кнудсен во својата богата кариера има освоено голем број медали од големите натпереваувања со Данска. Најзначајно одличје сигурно е златниот медал на Европското првенство во 2008 година во Норвешка.