Легендарната Букур најави крај, ќе се пензионира на 52 години!

Голманката од Романија, Кармен Букур, која има 52 години, реши по завршувањето на оваа сезона да се пензионира.

Искусната голманка моментално настапува во екипата на Монкутан, клуб кој што е дел од третото по ранг натпреварување во Франција.

Романката веста за пензионирањето го соопшти преку социјалните мрежи.

Букур во својата кариера го носеше дресот на Рапид Букурешт, Мец, Тулон и Брест Бретањ.

Со екипата на Рапид Букурешт двапати освојувашетрофеј на европска сцена.