Србите најавија: Ракометар на Металопластика го засилува Вардар

Ракометарот на Металопластика, Марко Срдановиќ, во следната сезона ќе го има вториот интернационален предизвик во својата кариера.

Според пишувањата на „Спортски журнал” членот на Металопластика ќе се пресели во актуелниот македонски шампион Вардар.

Доколку двете страни бидат задоволно од соработката, тогаш постои опција на продолжување на договорот на уште една сезона.

Срдановиќ игра на позицијата лево крило, на која моментално во екипата на Вардар настапува Дејан Манасков и младиот Марио Стојановски, додека репрезентативецот на Полска, Јан Чувара, е надвор од терените поради повреда.

25-годишниот ракометар во својата кариера го носеше дресот и на босанскиот суперлигаш Леотар. Во тимот од Требиње беше на позајмица и таму мина две и пол сезони, потоа во текот на 2020 година се врати во матичниот клуб.

Во досегашниот тек од српскиот шампионат на 25 натпревари постигна 88 погодоци. Со екипата на Металопластика во ланската сезона го освои Купот на Србија.