Левиот бек се враќа дома – Шокоски пред потпис со Прилеп

Левиот бек кој одлично се снаоѓа и на средната бековска позиција, Давор Шокоски е пред потпис со неговиот матичен клуб Прилеп.

Шокоски лани летоска се пресели во Бутел Скопје, но немаше голема минутажа, па вториот дел од сезоната го мина во Металург 2 на позајмица, каде имаше солидни настапи.

22-годишниот играч е пред камбек во Прилеп, кој активно работи на формирањето на ростерот за битките во елитното друштво.

Претходно тимот што ќе биде предводен од Горан Кузманоски, се засили со голманот Зура Цинцадзе, десното крило Реваз Чантурија, пикерот Сашко Манчески и средниот бек Филип Чурлевски.

Договорите беа продолжени со крилата Бикоски и Амзоски, а следната недела се очекува да бидат познати уште најмалку две засилувања.