Лани ја освоија титулата со Вардар, сега може да ја одбранат

Репрезентативецот на Летонија и ракометар на ПСЖ, Даинис Кристопанс, има шанса да ја одбрани шампионската титула која ја освои со Вардар.

Сега во нов клуб, Кристопанс, за да заигра финале, ќе мора во полуфиналниот натпревар со неговата екипа да бидат поуспешни од Барселона.

„Барселона има луда статистика оваа сезона во Лигата на шампионите. Играат одлично, па имаме додатна мотивација за надигрување со нив. Во Келн никој не е фаворит. Неопходно е да се биде во фокус цели 60 минути и да се внимава на играта цело време“, истакнува Кристопанс.

Првото полуфинале меѓу Барса и ПСЖ се игра од 18:00 часот, додека вториот двобој меѓу Веспрем и Кил ќе започне во 20:30 часот.

Покрај Кристопанс, има уште двајца ракометари што ја освоија титулата со Вардар, а сега може да ја освојат вторпат по ред – станува збор за Данил Шишкарев и Рожерио Мораес, кои настапуваат за Веспрем.