Лани требаше да дојде во Вардар, сега го поврзуваат со Бидасоа

Репрезентативецот на Романија, кој минатата година беше поврзуван со трансфер и во редовите на Вардар, Дан Емил Ракотеа повторно е актуелен, но овој пат за трансфер во Асобал лигата.

Ракометарот кој лани од Веспрем се пресели во Висла Плоцк сега може да се најде во тимот на Бидасоа.

Се работи за лев бек, кој откако се пресели во Висла и не одигра ниту еден натпревар многу брзо го напушти клубот и замина во редовите на Шартр од Франција на позајмица. Сепак, и за овој клуб немаше многу натпревари бидејќи одигра само седум средби и постигна 20 гола.

Ракотеа нема играно од ноември, но гласините дека ќе се пресели во Шпанија стануваат сè погласни бидејќи станува сè поизвесно и дека нема да се врати во Полска откако наскоро ќе му заврши позајмицата во тимот од Франција.