Лани беше на чекор до Вардар, сега ќе оди во Целје?

Асистентот на Талант Душебаев во тимот на Келце, Урош Зорман, е многу блиску до враќање во татковината.

Словенецот кој лани беше договорен да го преземе Вардар, но место него дојде Шпанецот Давид Писонери, на лето заминува од Полска и според тамошните медиуми, би требало да седне на клупата на Целје како прв тренер.

Зорман најголем дел од кариерата помина во овој тим и освои титула во Лигата на шампионите, а и тоа што ќе поминува повеќе време со семејството го прави овој трансфер лесно остварлив.

Негови заменици на клупата на Келце како помошник на Душебаев, би можеле да бидат Криштоф Лијевски или Мариуш Јуркевич, кои летово ќе означат крај на богатата кариера.