Ландин се изјасни, нема намера да го напушта Кил

Еден од најдобрите голмани во моментов во светот, кој го брани голот на Кил, Никлас Ландин пред неколку дена во свој коментар за дански медиум објави дека сите играчи се согласиле платите да им бидат намалени на пола поради кризната ситуација.

Во новите коментари информира дека е подготвен да игра уште неколку сезони во Кил.

„Мислам дека ќе го обновам мојот договор со ‘зебрите’. Ќе играм во Кил уште неколку години. Среќен сум тука, а исто така среќно е и моето семејство. Очекувам да ја продолжам соработката“, вели Ландин.

Тој потврдува дека доколку се случи да се врати во Данска, тогаш тоа ќе биде за крај на неговата кариера.