Лазаров: Спортот е наш најголем амбасадор во светот, во професионализмот нема случајности!

Фудбалската репрезентација на Македонија направи големо изненадување во квалификациите за СП и славеше над Германија со 1-2.

Честитки на социјалните мрежи упати и капитенот и селектор на машката ракометна репрезентација, Кире Лазаров.

„Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај…Македонскиот спорт станува наш најголем амбасадор во светот, спортистите најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажете дека имате ментална сила, карактер, македонски стил, интелигенција…Ви посакувам многу среќа на Европскиот шампионат. Ајде да одиме заедно за нови победи на Македонија“, напиша на социјалните мрежи Лазаров.

Легендарниот Лазаров претходниот месец исто така оствари голема победа со Македонија над светскиот првак Данска во квалификациите за ЕП.