Лазаров со уште еден член во стручниот штаб, со нов кондициски тренер против Данска (ФОТО)

Откако на последното Светско првенство се забележа и проблем со физичката подготвеност на ракометарите за двомечот против Данска беше обновена соработката со кондицискиот тренер Петар Баснарков кој ги подготвуваше кадетите на Мундијалот во 2019 година и сениорите за ЕП во 2020 година.

Баснарков работи со ракометарите и во текот на оваа ЕХФ недела така што она што е сигурно е дека имаат одличен тренер кој е веќе признаен во својата работа како кондициски тренер.

Машката сениорска репрезентација ќе има уште две средби од квалификациите кои ќе се играат на крајот на април и почетокот на мај. Тогаш прво ќе се гостува во Финска, а потоа на домашен терен ќе се игра против репрезентацијата на Швајцарија.

Ова веројатно е почеток на една соработка која ќе трае и понатаму, а сосема очигледно е дека Кире Лазаров во своите редови го има најдоброто во стручниот штаб.