Лазаров: Следната сезона ќе биде последна за мене, одлуката веќе е донесена

Капитенот и селектор на македонската репрезентација ќе игра и следната сезона во тимот на Нант.

Францускиот тим денеска официјално го потврди новиот договор на леворакиот бомбардер, кој најави дека оваа сезона ќе биде последна во кариерата.

„Ова ќе биде мојата последна сезона како играч, одлуката веќе е донесена. Кога ќе преброите, поминаа многу години. Но, најважно е да се чувствувате добро, вашето тело да биде добро и да не чувствувате болки. Секогаш се трудам да бидам што попрофесионален. Секогаш се чувствувам во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам без проблеми“, изјави Лазаров.

Тој во последната сезона од играчката кариера нема да биде дел од Лигата на шампионите, и ќе се натпреварува во Лигата на Европа.