Лазаров повторно ќе игра со Нуиќ, Ратинген доби хрватско засилување

Екипата на Ратинген која од клупата ја предводи Ацо Јоновски продолжува да го креира ростерот и да ги прави подготовките за новата сезона. Последното засилување за тимот е Томислав Нуиќ.

32-годишниот ракометар настапува на позицијата лево крило и тренира со екипата од почетокот на подготовките, а сега се официјализираше неговиот трансфер. Со искуството кое го има Нуиќ треба да биде големо засилување за претстојната сезона за Ратинген.

Босанецот Нуиќ кариерата ја започна во екипата на Извиѓач, потоа настапуваше Сисција и Ал Рајан во Катар пред за премине во Нексе во 2013 година. Со хрватскиот тим играше во домашното првенство и во СЕХА Лигата.

Во 2017 година Нуиќ премина во Бешикташ каде што играше заедно со Филип Лазаров и го имаше своето прво искуство во Лигата на шампионите. Од турскиот тим премина во АЕК Атина со кој го освои Купот на ЕХФ.

Во новата сезона целта на тимот е пласман во третата по квалитет лига во Германија.