Лазаров повика 22 ракометари за ЕХФ неделата, ќе има и дебитанти (ФОТО)

Сениорската репрезентација на Македонија на 31 октомври има нов собир, а селекторот Лазаров за овој собир ќе има и неколку помлади ракометари меѓу кои дебитант е Марко Митев од Бутел Скопје.

Во сениорската селекција повторно е Чаневски, а повик има и за Симоноски. Ова ќе биде собир за ЕХФ неделата, а на овие тренинзи Лазаров ќе биде во улога на селектор и не е на списокот на играчи.

Има и дебитанти меѓу резервите каде што е и Петар Атанасијевиќ, а повикани се и Тоше Ончев и Дарко Димитриевски кои имаат забележителни настапи со своите тимови.

Ова ќе биде последна проверка пред подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка кое се одржува во јануари. Затоа на ракометарите е да се обидат да се изборат за место во тимот кој ќе игра на шампионатот и да добијат место на подготовките во декември.