„Лазаров не подготвува тактика за позиција, туку за играч“

Со доаѓањето на Кирил Лазаров на функција на селектор – играч, десниот бек Мартин Велковски добива повеќе простор за игра и ја дели минутажата токму со капитенот.

Според него клучниот фактор за актуелниот изглед на репрезентацијата е што селекторот не подготвува тактика за позиција, туку за играч.

„Многу ротира, им дава шанса на сите и има добар тим околу него со кој заедно работи и подготвува тактика. Препознаваат кој какви карактеристики има од играчите и им даваат такви улоги во играта, и тоа е многу важно. Се ни е детално презентирано, ти дава некоја задача кој очекува дека ќе ја исполниш и истовремено ни дава некоја сигурност, самодоверба. Се знае кој шутира, кој напаѓа ’еден на еден’, кој каде игра во одбрана и кога го имаш сето тоа, сакаш да го дадеш најдоброто од тебе и да ги исполниш очекувањата. Кире те препознава и си има одредена акција за тебе, се знае кога се игра за тебе, кога се игра за друг и се што прави се знае конкретно, индивидуално. Тактиката кај него не се подготвува за позиција, туку за играч. Да не играш нешто што не ти одговара. Претходно на пример се очекувало од десниот бек да го прави она што го прави Лазаров, но нашиот стил на игра не е ист и не се сите Кире! Тоа секогаш било проблем, може и на првенството кога се повреди тоа, сите очекуваа дека и јас како него треба 10 гола да дадам, но јас не сум Лазаров. На пример, не може Кире да влезе и да игра она што јас го играм, игра она што нему му одговара. Можеби затоа за толку кратко време таква промена се случи во репрезентацијата. Кај Кире секој добива задачи според своите карактеристики.“

Во продолжение прочитајте го интервјуто со Мартин Велковски…

ИНТЕРВЈУ МАРТИН ВЕЛКОВСКИ: За брат ми и Македонија ќе навивам со полно срце!