Лазаров кажа како може Македонија да освои медал

Машката репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот со Франција за пласман на Мундијалот во Египет, кој беше одложен за почетокот на јули.

Ниту еден од нашите репрезентативци не е активен на терените, но ќе има доволно време за подготовка кога ќе заврши пандемијата.

Кире Лазаров одговараше на интересни прашања во емисијата „Бекстејџ“, а едно од нив беше што мисли за Столе Стоилов.

„Да имаме 16 момци како Столе Стоилов во репрезентација, однапред потпишувам дека ќе освоиме медал. Тој дебитираше на СП во 2009 како замена за повредените пикери, но ни кажа „дечки извинeте јас ги заборавив патиките во Скопје“. Најде патики и го одигра натпреварот со Кореја, последен натпревар зa пласман. Беше нерешено, Последни пет секунди имав асистенција до него, тој погоди и така победивме“,кажа Лазаров низ смеа.

Македонија игра девет години во континуитет на големите настани од 2012 година и има настапи на пет ЕП и четири СП.