Лазаров и Нант се пласираа на Ф4 во Лига купот на Франција

Кире Лазаров со својот Нант обезбеди пласман на завршниот турнир во Лига купот на Франција откако во четврт-финалето го елиминираше Кретеј со триумфот од 37:29.

Нант имаше водство и контрола во текот на целиот натпревар. После првите 30 минути Лазаров и соиграчите имаа водство од 17:14. Во продолжението без проблеми одработеа и стигнаа до сигурен триумф.

Кире Лазаров немаше своја вечер и натпреварот го заврши со само еден погодок од шест удари. Најефикасен во Нант беше Калваканти со седум гола.

На Ф4 турнирот во Лига купот на Франција покрај Нант, место обезбедија уште и ПСЖ, Монпелје и Шамбери.