Лазаров и Нант победнички низ Данкерк

Тимот на Нант, каде што игра капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров, ја забележа првата победа во француското првенство.

Нант славеше на гостувањето кај Данкерк со 21-25 со пресврт во второто полувреме за кој најзаслужен беше голманот Емил Нилсен со 16 одбрани.

Македонската легенда на овој натпревар постигна три погодоци од четири обиди, додека Ривера беше најдобар стрелец со четири гола.

Во следното коло наредниот викенд, Нант и Лазаров на домашен терен ќе го дочекаат Монпелје.