Лазаров: Годинава ми оди со шут во последна секунда

Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров реализираше во последниот напад за победа на Македонија, а после средбата имаше свое видување за она што беше направено на теренот. Тој пред неколку недели вака му донесе победа и на Нант, па сега успеа и на Македонија.

„Годинава ми оди со шутевите во последните секунди.  Иако во последните 3-4 напади помладите избегнуваа одговорност, сепак, успеавме. Имав неколку шутеви во завршницата кои не ги реализирав и кои ме изнервирав и на крајот решив да одам на се или ништо и испадна добро. Мислам дека треба да научиме од овој натпревар и нема од што да се плашиме. Дали сме победиле или изгубиле ова е спорт“.

Иако има незадоволство од играта на младите и од бегањето на одговнорноста во завршницата, сепак, нема да има коментари во соблекувалната.

„Ќе гледам да не им зборувам ништо во соблекувална бидејќи тоа е дополнителен напор. Поздрав до сите Македонци ова е победа за нив. Најважно е дека победивме и да продолжи оваа традиција на големи резултати. Најважно е да го тргнеме вниманието од сите политики и да се одмориме од сето тоа. Имаме ден пауза за да се средиме, а потоа ни следува Чешка“.