Лазаревски за 24Ракомет: Се уште не си го знаеме потенцијалот, Вардар ќе расте!

Екипата на Вардар е победник на 51. издание на турнирот во Струга, откако во финалето против Алкалоид славеше со 25:20.

Кружниот напаѓач Милан Лазаревски одлично си ја одработи задачата на дуелот против тимот од Автокоманда.

,,Мислам дека резултатот е најреална претстава за текот на мечот, можеби еден-два разлика ќе беше рамноправна слика. Посебно исклучително тежок картактер имаше овој дуел, со оглед на околностите кои се случија, односно немањето услови да се доигра финалето на отвореното игралиште, па мораше да се прекине, имаше голема пауза, повторно загревање…Ова за нас беше тест за психичката стабилност, покрај тоа што сме многу компонирана екипа, сметам дека покажавме една голема стабилност во клучните моменти и тоа беше клучот за победа на овој натпревар. Противникот беше одличен ривал, исклучително добра подготвена екипа, но поискусните играчи од нашите редови ја доведоа утакмицата во наш правец. Апсолутно дека со освојувањето на овој турнир ќе има голема позитивна енергија пред дуелот со Рајн Некар. Ние нема што да изгубиме, мислам дека сѐ уште не си го знаеме потенцијалот, оваа екипа ќе расте со својот квалитет и со нетрпение го очекувам дуелот од квалификациите во Лигата на Европа”, изјави Лазаревски.

Вардарци наредниот викенд, на 26-ти август, на свој терен ќе го пречекаат тимот на Рајн Некар во рамки од квалификациите од Лигата на Европа.

Томовски за 24Ракомет: Победи колективот, знаевме што правиме, ова е голем имплус пред дуелот со Рајн Некар!

СТРУГА 2023: Јапонецот Косуке Јасухира е МВП

СТРУГА 2023: Вaрдар е нов рекордер – го освои 14. трофеј