Куп на Македонија: Лесен пат за Вардар и Еурофарм Пелистер до Ф4, ќе има и езерско дерби

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките во четвртфиналните групи од Купот на Македонија.

Тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе имаат лесен пат до завршниот турнир во ова натпреварување. Вардарци ги добија за ривали Тиквеш, како и победникот од дуелот меѓу Астраион и Радовиш. Битолчани пак ќе се соочат на стартот со Младост Богданци, а потоа со победникот од дуелот меѓу Пролет и Прилеп.

Се очекува и од Металург да нема проблеми со ривалите во групата А, додека најинтересно ќе биде во групата Г, каде што ќе се соочат Струга и Охрид во езерското дерби, а победникот од овој дуел оди на двобој на Бутел или уЈуниор Кисела Вода.

Натпрееварите од четвртфиналните групи ќе се играат на 31 март и 1 април, иако може да има промени со оглед на тоа што Вардар и Еурофарм Пелистер имаат европски обврски во тој период.

 

Победниците од полуфиналните мечеви од групата ќе играат финален натпревар, а победникот од тој обезбедува место на завршниот турнир што ќе се игра од 29 до 31 мај.