Куп на Германија: Томовски ќе се бори против Лемго за место на Ф4, Пешевски против Кил!

По изненадувачката елиминација на Фленсбург, кој на домашен терен беше поразен од Хановер, беа извлечени и четвртфиналните двојки во Купот на Германија.

Двајца македонски репрезентативци ќе имаат шанса да се борат за место на завршниот турнир кој ќе се одржи во април.

Во четвртфиналето, Лудвигсхафен каде брани Мартин Томовски, ќе се соочи со Лемго, додека Жарко Пешевски и Штутгарт ќе имаат голем предизвик и натпревар со Кил.

Во преостанатите две двојки ќе играат Мелсунген и Фуксе Берлин, како и Рајн Некар Левен против Хановер.