Куманово славеше победа против Чиле на првиот тест натпревар

Актуелниот шампион во женска конкуренција, Куманово на пријателски натпревар беше подобар од репрезентацијата на Чиле со резултат 28:24.

Ова беше прв пријателски натпревар за составот предводен од тренерскиот тандем, Александар Бојковски и Сашо Божиновски.

Кумановки на полувреме имаа предност од 17:12 и до самиот крај рутински го одржуваа стекнатото водство.

Следниот натпревар на Куманово со репрезентацијата на Чиле е закажан за во недела со почеток од 16:30 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје.