Куманово против Металург, Вардар против Чаир во трка за финале од Купот на Македонија (ФОТО)

Со денешното извлекување на стартните бројчиња станаа познати полуфиналните двојки за Купот на Македонија во женска конкуренција.

Ждрепката донесе две интересни двојки во кои Вардар за противник го доби тимот на Чаир, додека Куманово ќе игра против составот на Металург.

Се работи за четири екипи кои во моментов се наоѓаат на првите четири позиции и во Супер женската лига така што оние кои покажаа најмногу во досегашниот дел од сезоната и ќе се борат за трофејот.

Натпреварите од женскиот Ф4 се играат на 8 и на 9 мај, а за местото каде ќе се играат ќе се знае дополнително. Со оглед на тоа што минатата година не се играше Купот на Македонија титулата ја брани тимот на Куманово, кој победи во 2019 година.