Куманово без милост, броеше до 48 против Пелистер

По триумфот кај Спартак во Скопје, ракометарките на Куманово прославија уште една убедлива победа во Женската лига.

Во натпревар од второто коло, еден од главните фаворити за титулата, славеше над битолски Пелистер со 29 голови разлика, 48-19.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога избраничките на Ненад Краљевски постигнаа 22 погодоци, а примија само 7.

Во вториот дел шанса за настап добија сите ракометарки од клупата, но тоа воопшто не се одрази на високата предност.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мила Трајковиќ со десет и Ангела Јанкуловска со седум голови, додека кај Пелистер се истакна Драгана Милосављевиќ со девет погодоци.