Кумановки ја продолжуваат серијата, повторно подобри од Чаир

Ракометарките на Куманово дојдоа до уште една победа во подготвителниот период, а новиот триумф дојде на дуелот против Чаир во Скопје. Кумановки беа подобри со 31:19.

Овие две екипи играа и минатиот викенд кога Куманово исто така дојде до триумф, а сега по вторпат беа подобри од Чаир, но на гостински терен.

Кумановки го добија првото полувреме со 14:10, а овие четири гола разлика во вториот дел од средбата беа уште повеќе така што на крајот немаше никаков проблем за да се дојде до триумф за продолжување на успешната серија.