Кукуловски со одлична партија, го води Брно до чешкиот плеј-оф

Тимот на Брно, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, остана во игра за последното место што води во плеј-офот во Чешка на коло до крајот.

Брно, по одличната партија на левиот бек, славеше на гостински терен кај составот на Фридек Миштек со 29-27 во натпревар од 25 коло.

Кукуловски беше стрелец на шест погодоци, исто колку што имаше и екс членот на Прилеп, пивотменот Никола Секулиќ.

Брно сега има 22 бода на деветтата позиција, а на следниот натпревар што ќе биде клучен за место во плеј-офот, игра дома „еден на еден“ со Нове Весели, кој е осмопласиран и има 23 бода.