Кукуловски меѓу најдобрите, Брно блиску до втора рунда од Европскиот Куп

Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски заедно со екипата на Брно имаа успешен старт на европска сцена.

Тимот на Кукуловски во рамки од првото коло во Европскиот Куп за ривал го има конкурентот од домашниот шампионат, тимот на Зубри.

Кукуловски и колегите триумфираа со 28:24 (15:11) и на реванш дуелот, кој ќе биде одигран на 16 септември во Зубри, ќе ја бранат предноста од четири гола разлика.

Младиот ракометар беше меѓу најдобрите стрелци во победничката екипа и речиси одигра без грешка, постигна четири погодоци од пет обиди.

Тимот на Кукуловски на 9 септември ќе се врати на обврските во домашниот шампионат и ќе ги одмери силите против незгодниот Ловосице.