Кукуловски и Мишевски нема да играат со Данска, но Лазаров смета на нив во иднина

На списокот од 23 ракометари за двомечот со светскиот првак Данска не се најдоа двајца на кои селекторот Кире Лазаров смета сериозно во иднина.

Станува збор за левиот бек на Еурофарм Пелистер, Дејан Кукуловски и средниот бек на Вардар, Марко Мишевски.

Тие имаат коронавирус и нема да бидат на располагање за дуелите со Данска.

„Жал ми е што нема да бидат со нас, затоа што сакав посериозно да ја почувствуваат репрезентативната атмосфера, но секако ќе сметаме на нив во иднина. Тие секако знаат дека се и ќе бидат дел од оваа репрезентација“, изјави Лазаров.

Првиот меч со Данска се игра на 11 март во Скопје од 20:00 часот, додека на 14 март е вториот двобој во Алборг од 16:00 часот.