, N.Macedonia vs Israel, Croatia Cup 2023 Poreč, Croatia, 07.01.2023., Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Кузмановски: Треба да бидеме зрели и во тешки моменти

Машката репрезентација на Македонија славеше на последниот пријателски натпревар пред СП против Израел со 38-37 и ќе го освојат повеќе од сигурно второто место на „Кроација Куп 2023“.

Ова беше последна контрола за нашите ракометари пред заминувањето за Краков. Можеше за малку да се направи „од готово – вересија“ бидејќи последниот напад го имаше Израел, па и последниот шут од девете метри кој за среќа заврши во мрежата, но покрај голот.

Еден од главните играчи во репрезентацијата на Македонија, Филип Кузмановски истакна дека не е задоволен од денешнаат прикажана игра, посебно во одбраната.

,,Тоа што го тренираме, тоа и го играме, но сигурно не тренираме да примаме толку многу голови, треба да се запрашаме, односно секој да се запраша која му е задачата тука, ние тренираме и има посветено многу внимание на тие играчи, кои играат во средината и мислам дека се ни е пружено од страна на селекторот и треба тоа само да го изработиме и да се држиме до планот, добро да ги анализираме ривалите, бидејќи имаме уште четири дена до стартот на СП. Не сум среќен за овој натпревар што го изигравме денес со Израел, бидејќи примивме 37 гола, ние никогаш нема да ги потцениме Израел, голем респект за нив, но треба да бидеме спремни за Норвешка, која има страшна бековска линија и треба да бидеме спремни посебно во одбраната, да бидеме максимално фокусирани, тука имаме исто многу млади играчи, на кои му е дадено шанса да се докажат, но мора брзо да ја искористат. Доколку тие тренираат максимално на тренинг, така ќе ги мотивираат постарите, така и јас ќе се мотивирам, и јас ако гризам на паркетот, ќе ги мотивирам Манасков, Георгиевски, Пешевски и останатите поискусни играчи…Тие треба да бидат среќни што се во репрезентација, да бидат позитивни, бидејќи тука се игра за Македонија, не се игра клуб. Тоа е едно големо признаие што играш за Македонија” изјави Кузманоски.

Филип Кузмановски заедно со Филип Талески ќе треба на СП да се наметнат како лидери на македонската репрезентација.

,,Тука сме јас и Талески, помогнати од останатите поискусни играчи. Одговорноста ја прифаќаме и нема изговор. Ние треба да бидеме пример за сите останатите. Ние сме спремни максимално, нема повеќе тоа младост што е. Треба да бидеме зрели и кога ќе бидеме во тешки моменти тука се знае како треба и што да се игра до крај. Ќе биде тешко СП, ќе треба голема одговорност и посветеност, тоа до сега го направивме, имаме уште четири дена да се спремиме и со чисти глави да одиме на првенство, натпревар по натпревар да размислуваме, посветени сме максимално, сепак, имаме иднина, репрезентацијата е млада, која игра некој нов ракомет, тоа го покажуваме во нападот, но не и во одбраната, не сме задоволни од одбраната, но јас ветувам дека во иднина ќе бидеме една репрезентација која нема никој да ја потцени и ќе се бори за големи достигнувања. Добро ќе ги анализираме противниците, селекторот ќе одлучи кој напад и каква одбрана ќе играме против противниците, сигурно и ние имаме некои адути, ќе пробаме, имаме уште четири дена, ќе бидеме комплетни во следниот период, да истренираме и со позитивна мисла да одиме на СП”, заврши Кузмановски.

Македонија првиот натпревар на Светското првенство ќе го одигра на 13 јануари. Прв ривал на избраниците на Лазаров ќе биде селекцијата на Норвешка.

Македонија со минимален триумф против Израел фаќа залет за Краков! (ФОТОГАЛЕРИЈА)