Кугис и Кристопанс добиваат Германец за селектор

Според летонските медиуми, репрезентацијата каде што играат двајца добро познати играчи за македонската јавност – Даинис Кристопанс и Артурс Кугис, ќе добие селектор Германец.

Арон Цирке ќе ја предводи Летонија во квалификациите за Светското првенство во 2021 година против селекцијата на Израел.

Договорот на Цирке е со клаузула за продолжување доколку ги оправда очекувањата на овие квалификацисти дуели. Тој на клупата на Летонија доаѓа на местото на Артурс Ушинс кој се раздели со репрезентацијата.

До крајот на сезоната Цирке ќе работи комбинирано и како селектор на Летонија и како тренер  на второлигашот од Германија, Емсдетен. Таму на тренерската позиција го замени чешкиот селектор Даниел Кубеш.